Лавров: Русија подготвена на преговори веднаш штом украинските сили го положат оружјето

Од:

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Москва е подготвена на разговори со Киев доколку се предадат опколените украински трупи.

Изјавата на Лавров е дадена во услови кога руските сили напредуваат во оружените акциите во Киев.

„Подготвени сме на преговори во секој миг, веднаш штом украинските сили одговорат на нашиот повик да го положат оружјето“, изјави Лавров пред медиумите во Москва.

Според Лавров, Русија одлучи да спроведе специјална воена операција за Украинците, „ослободени од угнетување на нацизмот, да можат слободно да одлучуваат за својата иднина“.

На состанокот со министерот за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Луганск, како и со првиот заменик министер за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Донецк, Лавров појасни дека рускиот претседател, Владимир Путин, одлучил да спроведе специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на Украина.

Според Лавров, Западот го негира фактот за „очигледниот геноцид“ во Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск