Санкциите треба да бидат поразорни како исфрлање на Русија од системот Свифт и да се насочени лично на Путин, изјави Адам Шиф, демократски конгресмен од Калифорнија, претседавач со Комитетот за резузнавање на Претставничкиот дом.
-Ова е без преседан, комплетна инвазија на соседна земја – неоправдна, неиспровоцирана, чиста гола инвазија. Сметам дека треба да биде пресретната со најсилно можни последици, изјави Шиф за Њујорk тајмс.
Извор: МИА