На антивоени протести во Русија уапсени над 700 лица

Од:

Руската полиција приведе повеќе од 700 луѓе на антивоените протести во повеќе градови во Русија, откако претседателот Владимир Путин испрати војници да ја нападнат Украина, соопштија независни набљудувачи.

„Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови“, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата.

Повеќе од 330 лица се приведени во Москва, соопшти мониторингот.

На социјалните мрежи се објавени снимки од дел од протестите, за кои се тврди дека бројот на уапсени е над 850.

Московските обвинители предупредија дека неовластените собири се незаконски и ќе доведат до „негативни последици“, а Федералниот истражен комитет издаде специјално предупредување за учесниците во„недозволените“ антивоени демонстранции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија