Пентагон: На авганистанските сили ќе им биде потребна помош и по 2014 година

Од:

На Авганистанците ќе им биде неопходна „суштинска“ и долгорочна воена поддршка, која ќе гарантира дека ќе можат го издржат притисокот на талибанците по завршувањето на американската борбена мисија во Авганистан во декември 2014 година, оцени Пентагон.

Во извештај за напредокот во војната што Министерството за одбрана на САД го доставува до Конгресот двапати годишно, се истакнува дека моќта на авганистанската армија се зајакнува, но дека ќе и биде потребна нова обука, воени советници и странска финансиска помош, по завршувањето на борбените мисии на САД и НАТО.

Питер Лавој, главниот стратег на Пентагон за политиката во Авганистан, синоќа на прес-конференција изјави дека Пентагон подготвил неколку сценарија за периодот по 2014 година. Тие ги земаат предвид потребата на Авганистанците од дополнителна обука и воените совети, како и долгорочната потреба за поддршка на американските антитерористички сили во Авганистан.

– Во ниту еден од овие случаи не сме предвиделе нулта бројност на американските воени претставници, нагласи Лавој.

Вашингтон и Кабул се уште не постигнаа договор за изнаоѓање на правна основа за продолжување на американското воено присуство во Авганистан по 2014 година.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан