Путин: Русија немаше друг избор

Од:

„Русија немаше друг избор“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, што е негова прва јавна изјава откако Русија утринава ја нападна Украина, пренесе „Спутник“.

Обраќајќи им се на претставниците на руската деловна заедница во четвртокот, Путин рече дека „Москва нема друг избор освен да дејствува во Украина и дека руските партнери треба да го разберат тоа и да не ги туркаат од системот“, објави Спутник.

Путин, исто така, рече дека владата треба да им даде поголема слобода на претприемачите, „но дека не може да предвиди геополитички ризици“. Тој призна дека, иако средбата со претставниците на бизнис заедницата била однапред планирана, таа сепак се одржала „под нестандардни услови“.

„Тоа што се случи е присилна мерка“, изјави Путин за „воената операција“ во Украина.

„Не ни оставија никакви шанси да постапиме поинаку. Безбедносните ризици беа создадени на тој начин што беше невозможно да се одговори со други средства“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ