Макрон: Санкциите ќе бидат на ниво на агресија, нема да бидеме немоќни

Од:

Франција и нејзините сојузници ќе одлучат за санкциите против Русија „за агресијата, за која таа е одговорна“ и тие ќе се однесуваат на „воената индустрија, економијата и енергетиката“, истакна претседателот Емануел Макрон во говорот во Елисејската палата.

-Нема да бидеме немоќни во донесувањето одлуки на состанокот на Г7 и на Европскиот совет вечерва, додаде претседателот, предупредувајќи ги Французите дека овој „воен акт“ ќе има „големи и трајни последици за нашите животи и геополитика на нашиот континент“.

Владимир Путин „одлучи да го изврши најлошиот удар врз мирот и стабилноста на нашата Европа во последните децении“, додаде францускиот претседател, зад кој стоеше украинското знаме, заедно со француското и европското.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам