Европската унија има планови за вонредни ситуации со земјите-членки во близина на Украина за прифаќање на бегалците од руската инвазија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Фон дер Лајен кажа дека има планови за „прифаќање и вдомување“ на бегалците од Украина, како и за поддршка на внатрешно раселените лица во земјата.
-Плановите се направени како дел од пошироките подготовки во случај на руски напад, рече таа, а во нив се вклучени и чекорите за подобрување на кибер безбедноста на Унијата и диверзификација на снабдувањето со гас.
Извор: МИА