Нигериската агенција за борба против дрога денеска соопшти дека уништила 255 хектари полиња со канабис и уапсила 13 лица во југозападната држава Ондо.
Во последните години во најнаселената африканска земја се регистрира ескалација на одгледување и консумирање марихуана, иако тоа е нелегално.
– Оперативните припадници на Националната агенција за борба против дрога (NDLEA) уништија вкупно 255 хектари фарми за канабис во седумдневна операција, изјави портпаролот на агенцијата Феми Бабафеми.
– Покрај тоа, уапсени се 13 осомничени и пронајдени се 250 килограми семе од канабис, како и 63,85 килограми плевел канабис, додаде тој.
Извор: МИА