НАТО: Влогот во денешната криза е голем, постои реална опасност од конфликт

Од:

Влогот во денешната криза е голем, постои реална опасност од конфликт, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред учесниците на настан посветен на иднината на Алијансата.

– Се соочуваме со најголемата закана за европската безбедност со генерации, рече тој за кризата со Украина и додаде дека „Русија претставува непосредна закана за Украина“.

Според него, Москва ги доведува во прашање правилата за заедничка одбрана на Алијансата. Тоа влијае не само на членството на Украина во НАТО, туку и на слободата на избор за приклучување кон пактот на Финска и Шведска, рече тој.

– Светот се движи кон стратешко ривалство, авторитарните сили сакаат да го променат светскиот поредок, да владеат со правото на силните. Големите сили се обидуваат со ултиматуми да им диктираат на другите што да прават, рече Столтенберг.

Тој ја изрази подготвеноста на Алијансата да ја поддржи Украина политички, практично и финансиски.

– Правото на самоодбрана е дел од Повелбата на ОН, изјави генералниот секретар по повод поддршката на сојузниците за Киев наспроти заканата од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Муцунски: Силата на солидарноста е главната карактеристика на НАТО сојузот, а во случајот со трагедијата во Кочани беше демонстрирана од се срце

Пет години членство на Македонија во НАТО

Наришкин: Варварското бомбардирање на НАТО на Југославија е злосторство што не се заборавa

Горан Наумовски

НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Горан Наумовски