Ковачевски во разговорот со Шмигаљ: Ја имате нашата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски оствари телефонски разговор со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ и му ја изрази поддршката на Северна Македонија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Ковачевски порача дека Република Северна Македонија ја осудува одлуката на Руската федерација за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.

Во телефонскиот разговор со премиерот на Украина, Ковачевски ја оцени постапката на Русија како директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и како флагрантно кршење на меѓународното право.

Ковачевски на Шмигаљ му пренесе дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, се приклучува кон повикот до Москва на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.

Претседателот на Владата Ковачевски за време на разговорот потврди дека Северна Македонија е усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и НАТО во однос на санкциите кон Руската Федерација, како одговор на нејзините непринципиелни постапки“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

Франција: Париз има услов за Америка, сакаме безбедносни гаранции

Медиуми: „Брисел ги лади очекувањата на Киев за членство во ЕУ“

РИА Новости: Украински војници починаа од екстремен студ западно од Лиман