Украина бара итни и јасни безбедносни гаранции од Русија и од западните земји

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара „безбедносни гаранции“ за неговата земја од Западот и Москва во време кога Украина се соочува со закана од руска инвазија.

– На Украина ѝ се потребни безбедносни гаранции, јасни и конкретни, и тоа веднаш. И од Западот и од Русија, рече Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со колегите од Полска и Литванија колеги Анджеј Дуда и Гитанас Наусед.

– Во моментов, Украина не е членка на ниту еден безбедносен сојуз. Ние се браниме сами, со поддршка од нашите партнери. Но, Украинците умираат. Затоа на Украина и требаат безбедносни гаранции: јасни, конкретни, итни. Сакаме да знаеме дека можеме да ги заштитиме нашите луѓе, нашите домови, дека не сме оставени сами на себе, дека имаме поддршка и од други партнери.

– Мислам дека Русија треба да биде меѓу земјите кои даваат јасни безбедносни гаранции, рече Зеленски, потсетувајќи дека тој постојано предлагал средба со претседателот Владимир Путин заради смирување на актуелната криза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

Се урна руски воен авион Су-25

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

(ВИДЕО) Украина: Русија изврши ракетен напад врз станбени згради и училиште во Суми