Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата земја ќе испрати нов дополнителен пакет воена помош за Украина.
-Со оглед на растечките закани на Русија и во согласност со нашата претходна поддршка, Обединетото Кралство наскоро ќе испрати дополнителен пакет воена помош за Украина, изјави Џонсон пред парламентот, пренесоа британските меидуми.
Во новиот пакет ќе има одбранбено оружје и други видови воена помош, додаде британскиот премиер.
Извор: МИА