Украинските граничари со заострени правила во близина на руската граница

Од:

Украинската гранична стража издаде нови ограничувања поради зголемените стравувања дека руската инвазија би можела да биде неизбежна, јави ДПА.

Ограничувањата вклучуваат забрана за приближување кон границата во текот на ноќта, соопштија денеска властите.

Сега се забранети видео и фотоснимки од инсталации на граничната полиција, додека на странците веќе не им е дозволен пристап до граничната област во секое време.

На Црното и Азовското Море на југот на Украина, на бродовите им е забрането да го напуштаат пристаништето во текот на ноќните часови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција