Германскиот тенисер Александар Зверев нема да може да ги продолжи натпреварувањата на турнирот во Акапулко.
Тој беше исклучен поради неспортско однесување по мечот во двојки, кога со рекет удри во столчето каде седеше судијата.
Aviso importante @atptour
Due to unsportsmanlike conduct at the conclusion of his doubles match on Tuesday night, Alexander Zverev has been withdrawn from the tournament in Acapulco.
— Abierto Mexicano (@AbiertoTelcel) February 23, 2022
Зверев денеска изгуби во двојки, а в четврток во сингл требаше да игра против Петер Гојовчик.
Сепак, по скандалот, АТП нема да дозволи Зверев да игра во поединечна конкуренција и да ја брани титулата освоена минатата година.
Зверев моментално е трет тенисер на планетата, а во кариерата има освоено 19 трофеи.