Протест пред руската Амбасада во Софија

Од:

Граѓански протест под наслов „Стоп за Путин“ вечерва се одржаа пред руската Амбасада во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Насобраните, меѓу кои имаше и претставници на украинската дијаспора во Бугарија, го изразија своето несогласување со ставот на Русија за таканаречените Доњецка и Луганска област во источна Украина. Тие носеа украински знамиња и постери „Стоп Путин“, а палеа и свеќи.

Протестот пред руската Амбасада во Софија го обезбедуваше бугарската полиција.

Меѓу демонстрантите не беа само украински граѓани и јавни личности, туку и новинари, како и Цецка Бачкова, кандидат за лидер на Демократска Бугарија и претседателски кандидат Горан Благоев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден