Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Од:

Комисијата за заразни болести бара да се укинат две мерки кои се за спречување на ширењето на коронавирусот. Првата е да не се бара сертификат за прележаност, за примена вакцина или ковид тест при излез од Македонија. Втората е бремените жени да се вратат на работа односно тие повеќе нема да бидат ослободени. Сепак, на сила остануваат мерките кои се однесуваат на барањето на сертификати при влез во трговски центри, кафетерии, затворени простории.

„За укинување на генералните препораки или мерки, Комисијата остана на ставот дека вакцинацијата во државата е 41 процент, зборуваме за две примени дози, тоа е премногу низок опфат на вакцинација за да се укинат мерките кои спречуваат трансмисија на вирусот. Се уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво, па така укинувањето на мерките вклучувајќи ги сертификатите, може да ја влоши состојбата и да ги преполни болниците и амбулантите“, кажа -р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Според Мехмедовиќ, враќањето на бремените жени на работа и препораката за вакцинација, е со цел да се заштити нивното здравје.

„Препораката е бремените жени да се вакцинираат и така да го заштитат своето здравје. До сега мерката беше да се ослободат од работа, а препораките од светот е да се вакцинираните. Тоа е за унапредување на здравјето на бремените жени“, рече д-р Злате Мехмедовиќ.

Тој посочи дека граѓаните кои ја напуштаат Македонија ќе треба да имаат негативен ПЦР или потврда за вакцинација, само доколку земјата во која ќе влегуваат тоа го бара.

Во претходната недела, се бележи помал број на заразени од коронавирус, но и пад на бројот на починати за 28 проценти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски