Каевски: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат среде криза, а бараат пари од Владата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, раководи со повеќе од половина од општините, а резултатите се еднакви на нула. Како локална власт, ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнува ветувањата, немаат реализирани проекти. Тие само бараат пари од Владата а се луксузираат, трошат народни пари а ништо не работат рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

– Последен пример за расипничко трошење на парите на граѓаните е набавката на скапи компјутери вредни околу 38.000 евра од страна на градoначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. Неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојкоски потроши 6.000 евра за набавка на чоколади и сокови. Не може градоначалниците да немаат пари за струја да бараат од Владата да ги покрива, а тие да купуваат апетисани и да се луксузираат, да ги полнат јавните претпријатија со партиски војници. Уште еден пример е градоначалничката Данела Арсовска. Град Скопје годинава ќе потроши неверојатни 670.000 евра за вработување на 109 партиски кадри. Во исто време кога ги остави скопјани без парно па мораше Владата да им помогне. Во исто време кога секој ден се жали дека нема пари, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот