ЈКП Пелагонија -Кривогаштани апелира за рационално користење на водата

Од:

Поради намалената издашност на бунарите и високите темератури од ЈКП „Пелагонија“ од Кривогаштани ги информираат граѓаните рационално да ја користат водата за пиење, бидејќи во спротивно жителите на оваа општина ќе останат без чиста вода за пиење.

Со цел да нема нарушување на водоснабдувањето, од ЈКП бараат да се штеди водата за пиење,а не да се користи за наводнување на земјоделските површини или миење на дворовите.

Со цел на плус 40 степени кривогаштанци да не останат без вода и за да се почитуваат мерките за рационално користење на водата, ЈКП „Пелагонија“ предвидуваат и секојдневна контрола, која ќе ја вршат вработените од ова претпријатие кај водокорисниците, за да утврдат дали на соодветен начин жителите на општината ја користат водата за пиење,а доколку тие не се придржуваат кон овие мерки, информираат дека ќе пристапат кон рестрикции во период кога потрошувачката е најголема.

Оние водокорисници што нема да се придржуваат кон мерките за рационално користење на водата, од ЈКП Пелагонија известуваат дека кон нив ќебидат преземани санкции според законски прописи.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните