Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди рускиот претседател Владимир Путин да не ги признае самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск како независни држави, јави ДПА.
Ваквиот чекор би бил во целосна спротивност со мировниот план од Минск, потпишан во 2015 година, изјави денеска портпаролот на Шолц.
-Признавањето на двата региона би претставувало еднострано прекршување на договорот од Минск, нагласи Шолц во денешниот телефонски разговор со Путин, рече портпаролот на германскиот канцелар.
Извор: МИА