Јанев и Роблес: Бугарија и Шпанија се за дипломатско решение на кризата во Украина

Од:

За време на нивната посета на воздухопловната база „Граф Игнатиево“ бугарскиот и шпанскиот министер за одбрана, Стефан Јанев и Маргарита Роблес, цврсто застанаа зад тезата дека дипломатските напори треба да бидат во првите редови за решавање на кризата во Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата министри се сретнаа со шпански и бугарски војници, кои од минатата недела се на заедничка должност за заштита на воздушниот простор на Бугарија.

Министерот Јанев изјави дека заедничката мисија на шпанските и бугарските пилоти е знак за добра соработка меѓу вооружените сили на двете земји и е во контекст на неодамнешните настани околу Украина и важната демонстрација на единство и вредности што ги споделуваат како членки на НАТО и Европската Унија.

Роблес, пак, ги коментираше активностите на бугарските воздухопловни сили во согласност со заложбите на Шпанија, изјавувајќи дека заштитата на бугарскиот воздушен простор треба да доведе до стабилност и мир, давајќи им приоритет на дипломатијата и дијалогот.

Двајцата министри за одбрана ги набљудуваа и показните летови на шпанските авиони „Еурофајтер“, а командантот на воздухопловната база „Граф Игнатиево“, бригаден генерал Николај Русев, во чест на гостите изведе воздушни фигури од авионот ловец „Миг 29“.

Извор: МИA

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата