Британскиот производител на автомобили „Мини“ официјално го претстави концептот Вижн, кој е најава на новиот Мини Купер.
Концептот го претстави главниот дизајнер Андерс Варминг, на настанот Desing@Home. Вижн се одликува со еволуционерен дизајн, кој комбинира класична и футуристичка естетика и техничка иновација.
Концептот има аеродинамичен преден браник и хексагонална маска со интергрирани магленки. Опремен е со ЛЕД светла со прстени, кои имаат функција на дневни светла. На задниот дел се сместени метални украси, спојлер на вратата од багажникот и централно поставен издув.
Внратешноста е симетрично дизајнирана и уредена во неколку различни бои.
Опремена е со кружни екрани, МИНИ клик систем и „Driving Eyperience Control“ систем, што му овозможува на корисникот прилагодување на режимот на осветлување.