Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати во просек ќе бидат поголеми за 0,56 отсто, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.02.2022 година.
Цените на нафтените деривати од полноќ ќе изнесуваат: моторен бензин Еуросупер – 95 – 82,50 (денари/литар), моторен бензин Еуросупер БС – 98-84,50(денари/литар), дизел гориво 74,00 (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 46,921 (денари/килограм).