Синодот на СПЦ им забрани на владиците да даваат партиски поддршки

Од:

Синодот на Српската православна црква (СПЦ) испратил писмо до владиците во кое се наведува дека им е забрането „мешање во световните работи“ и давање поддршка на партиите и политичарите, пишува денеска весникот „Нова“.

„Конкретно, треба да се истакне дека е недозволиво какво било учество на партиски натпревари, давање јавни изјави во корист или на штета на одредени партии или кандидати во и надвор од изборните процеси“, се вели во писмото и се додава дека одлуката е прифатена од патријархот Порфириј.

Според соговорниците на весникот, на тој начин е јасно дека постои страв дека некои владици би можеле да ја поддржат опозицијата, а од друга страна, на официјалната веб-страница на СПЦ се објавуваат пофалби за луѓе од власта.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он