ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска јавно нека каже по кој член од предложениот закон на СДСМ се превидува зголемување на платите

Од:

„Жални се обидите на Кузеска да ја лаже јавноста. Еве јавно Кузеска нека каже по кој член од предложениот закон на СДСМ се превидува зголемување на платите. Време е да престане Кузеска да шири лажни вести“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

„СДСМ воопшто не предвидува зголемување на плати, а за тоа е доказ и одбиениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој што предвидуваше скалесто зголемување платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата.

СДСМ и ДУИ имаат цел да се протурка штетен закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес. Со овој закон СДСМ и ДУИ предвидуваат укинување на еден од механизмите за контрола на квалитет во образованието, т.е. да се вработуваат наставниците и професорите на неопределено време без приправнички стаж.

СДСМ шверцерски како и секогаш бара да се стави закон којшто има за цел целосна партизација на образованието“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ