Ковид е системска болест која ги зафаќа сите органи

Од:

Д-р Богдан Црнокрак, помошник директор за медицински прашања во Клиничко болничкиот центар „Бежанијска коса“ во Белград, повтори дека Ковид е системско заболување кое ги зафаќа сите органи.

Тој наведува дека најчесто станува збор за кардиоваскуларни проблеми, а пациентите се пријавуваат и кај ендокринолози, гастроентеролози и пулмолози.

„Најчести се кардиоваскуларните проблеми, пациентите доаѓаат кај кардиолози, ендокринолози, гастроентеролози, пулмолози. Се забележуваат проблеми со регулацијата на притисокот, нарушување на ритамот, регулација на гликемијата. Потоа следуваат гастроентеролошки проблеми, стомачни болки, дијареа“, објаснува Црнокрак.

Тој истакнува дека во овој бран на коронавирус најдобро поминуваат пациентите кои веќе имале ковид и кои биле вакцинирани.

„Оние кои не биле заразени со Ковид и кои не се вакцинирани, во овој последен бран може да развијат сериозни компликации и сериозни форми на болеста“, посочува Црнокрак.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија