Армијата на Мали уништи база на џихадисти

Од:

Најмалку осум војници и 57 „терористи“ загинаа во судирите во базата на бунтовниците во северниот дел на Мали, каде дејствуваат ривалските џихадистички групи, вклучително и таканаречената Исламска држава, соопшти денеска армијата на Мали.

Борбите избувнаа вчера по воздушен напад и само неколку дена откако Франција и нејзините сојузници го објавија своето воено повлекување од африканската земја. Малиската војска соопшти дека ја нападнала бунтовничката база откако нејзините војници биле нападнати од „неидентификувани вооружени лица“ во регионот Арчам, во близина на границата со Буркина Фасо и Нигер.

– Осум војници се убиени, а 57 вооружени бунтовници се „неутрализирани“ во „жестоките судири“ што следеа, соопшти армијата.

Без излез на море и со население од 21 милион, Мали се бори да го задуши бруталниот џихадистички бунт што избувна во 2012 година пред да се прошири во соседните Буркина Фасо и Нигер. Илјадници војници и цивили се убиени, а два милиони раселени поради конфликтот во Сахел, чиј епицентар и понатаму е Мали.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска