ЕУ: На Русија може да ѝ се оневозможи пристап до пазарот и високите технологии

Од:

Москва нема да има пристап до финансиските пазари и високотехнолошките производи под санкциите што Западот ги подготвува во случај Русија да ја нападне Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на безбедносната конференција во Минхен.

Таа ова го изјави во време на зголемени тензии околу намерите на Русија кон Украина и по вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден дека е убеден во одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да изврши инвазија.

Фон дер Лејен даде детали за планираните санкции на годишната безбедносна конференција во Минхен, каде што зборуваше и потпретседателката на САД, Камала Харис.

– Опасното размислување на Кремљ, кое доаѓа директно од мрачното минато, може да ја чини Русија просперитетна иднина, рече фон дер Лејен.

Таа изјави дека Европската комисија развила „силен и сеопфатен“ пакет финансиски санкции заедно со САД, Велика Британија и Канада.

– Во случај Русија да нападне, ќе го ограничиме пристапот до финансиските пазари за руската економија и ќе воведеме контрола на извозот што ќе ја спречи да ја модернизира и прошири својата економија, додаде таа.

Фон дер Лејен рече дека на Русија апсолутно и требаат високотехнолошки производи во чие производство доминира ЕУ и кои не можат лесно да се заменат.

Според неа, Русија се обидува да ја поткопа изградбата на европската безбедност и флагрантно се обидува да напише нови правила на меѓународниот поредок.

– Не можеме да дозволиме тоа да се случи, се соочуваме со флагрантни обиди за повторно пишување на правилата на меѓународниот поредок, рече Фон дер Лејен на Минхенската безбедносна конференција.

Таа, исто така, го осуди сојузот на Кина и Русија формиран со цел да се наметне „законот на посилниот“.

Ескалацијата во последните недели во Украина, каде што Западот стравува од напад од Русија, може да го „преобликува целиот меѓународен поредок“, рече шефицата на Европската комисија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Закани од Кремљ: Нашето моќно оружје е подготвено

Горан Наумовски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД