Работна група во МНР ќе ги проверува сите упатувања од 2006 наваму

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во врска со последните изјави на претседателот на Собраниската Комисија за надворешна политика околу именувањата и упатувањата на дипломати на највисоките позиции во амбасадите и конзулатите на земјава, укажува дека во изминатава година на мандат се упатени 20 предводници на странските преставништва, од кои 16 се професионални дипломати од Министерството, што претставува 80% од упатените.

Професионализацијата на дипломатијата останува еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи и во периодот што претстои, за што се покренати повеќе иницијативи за кои јавноста е веќе запознаена, меѓу кои и нов предлог закон за МНР со кој процентот на обврска за упатување дипломати од кариера ќе се зголеми од сегашните најмалку 33% на 75%, соопшти МНР.

Меѓу другите иницијативи, во Министерството е формирана работна група, која ќе ги проверува сите именувања и упатувања на амбасадори и генерални конзули од 2006 година до денес и ќе подготви компаративна анализа. Целта на анализата е да се проверат сите детали и околности под кои се упатувани, како и квалитетот на кандидатите кои како први лица во ДКП-ата ја претставуваат земјата во странство. По завршувањето на анализата, истата ќе се презентира пред јавноста, се наведува во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија