ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се грижеа за просветниот кадар и за покачување на нивните плати, ќе го усвоеја амандманот на законот за минимална плата

Од:

„Нема крај на лицемерието на СДСМ, владејачкото мнозинство го одби амандманот на законот за минимална плата на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и владејачкото мнозинство искрено да се грижеа за покачувањето на платите на наставниците и професорите, ќе го усвоеја амандманот кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ преку амандманот побара да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со ова ќе се испочитува и Колективниот договор во образованието, а наставниците и професорите ќе добиеја поголема плата, до 45 илјади денари.

Тензиите кои ги исценира СДСМ во комисијата за образование и наука во Собранието се со цел да се протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата, а не како што сакат да прикажат- грижа за наставниците.

Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.

Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина.

СДСМ и администраторот Ковачевски се против подобрување на стандардот на граѓаните. Тие единствено мислат за нивно лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче