ВМРО-ДПМНЕ: Османи да одговори пред пратениците за скандалозното именување на конзули

Од:

„ДУИ и СДСМ ја сведоа дипломатијата на чист клиентилизам и исполнување на партиски хирови. Наместо да се водат од стручност Бујар Османи и Артан Груби на две важни позиции во дипломатијата зад затворени врати именувале ТВ презентерка и син на провладин аналитичар за конзули во Њујорк и Чикаго. Пиунот Ковачевски е оставен како статист и нем свидетел на ваквата кадровска политика која е срам за Македонија не само пред домашната, туку и пред меѓународната јавност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата очигледно зад затворени врати именува, па после зад затворени врати ги менува своите одлуки. Останува нејасно дали и Ковачевски стоел зад затворените врати па не знае што му се случува во владата која ја администрира.

Владата должи одговори според кои критериуми се именувани ТВ презентерка на вести, Бесмира Ејупи и Петри Муслиу, син на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу?

Наместо ад се крие, Бујар Османи треба да излезе и да даде одговори, но и да понесе одговорност за девалвирање на македонската дипломатија. Правото место за отчет му е во Собранието пред пратениците кои треба да ја контролираат работата на владата и на министрите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче