Будилник кој не може да се игнорира

Од:

Доколку имате проблеми со будењето и будилниците, кои не се доволни да ве извлечат од постела, можеби апликацијата „Walk Up! Alarm Clock“ е вистинско решение за вас.

Триесетгодишниот Рики Хо, според сопственото признание, секојдневно има проблеми да се разбуди и да го започне денот на време. Затоа одлучил да креира апликација која успешно ќе го замени традиционалниот будилник.

– Сакав да креирам нешто, што меѓудругото ќе го реши мојот проблем. Еден ден бев в кревет и размислував како нема шанса да се извлечам од постелата, изјави Хо, откривајќи дека во дизајнирањето на апликацијата му помогнал и неговиот брат.

Тогаш дошол на идеја да ја креира апликацијата „Walk Up! Alarm Clock“, која веќе некое време е достапна на сервисот iTunes по цена од 0,99 долари. Набрзо по објавувањето, апликацијата се нашла меѓу 10-те најчесто преземени корисни апликации.

Апликацијата се заснова врз детектирање на движења и кога алармот ќе се активира на смартфон или таблет, потребно е корисникот да направи минимум десет чекори пред тој да се исклучи. Бројот на потребни чекори за деактивирање на алармот може да се зголеми до максимални 100. Апликацијата реагира единствено на вистински чекори.

Звукот на будилникот може да се избере, па освен неподносливиот вресок кој го прави машки или женски глас, може да ве разбуди и смеење на вештерка или звук на полициска сирена.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска