ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски рамо до рамо со Нефи, како фирмата на градителот на диво добила работа да изведува капитална инвестиција во енергетиката?

Од:

„Мафијата на власт ДУИ-СДСМ ја користи секоја прилика, секој народен денар, да ги богати фирмите на своите блиски и на своите функционери. Затоа осиромашува народот, а мафијата на власт се богати“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата должи одговор како и според кој критериуми е ангажирана фирмата на Нефи Усеини ќе учествува во изградбата на 400 киловолтниот далновод од Битола до Албанија?

Како од толку многу реномирани компании со искуство во овој тип на градежни активности, токму компанијата на контроверзниот функционер на ДУИ ја доби оваа работа?

Да потсетиме дека Нефи Усеини е познат по изградбата на дивоградбата во центарот на Охрид, по дивоградбата бетонска база непосредно до брегот на Охридското Езеро, познат по насилства и тепачки, познат по тоа добиваше тендери за рушење на дивоградби во Охрид иако самиот е градител на диво.

Да биде срамот поголем пиунот Ковачевски, администратор на владата на ДУИ, рамо до рамо го промовираше овој проект заедно со Нефи.

Очигледно дека Ковачевски наголемо ја продолжува праксата на заевизмот за богатење на компании блиски до партиите на власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ