Речиси половина од руските сили што ја опкружуваат Украина се на позиција за напад, изјави американски одбранбен претставник за Си-ен-ен

Од:

Речиси половина од руските сили што ја опкружуваат Украина се во позиција за напад, според официјален претставник на американската одбрана запознаен со најновата проценка.

Бројот на батаљонските тактички групи се зголемил на приближно 120-125. Батаљонската тактичка група обично се состои од 1.000 војници. Официјалниот претставник рече дека руската војска продолжила да ги придвижува силите кон границата, а во последните 48 часа, бројот на силите на нападната позиција достигна 40-50отсто

Во исто време, руската кампања за дестабилизација започна, нагласи официјалниот претставник, јави Си-ен-ен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани