Експлозија одекна доцна синоќа на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина, јавија руските медиуми.
#BREAKING: Reports of a major gas pipe explosion in Luhansk, eastern Ukraine pic.twitter.com/i1e5LWggOW
— ELINT News (@ELINTNews) February 18, 2022
Експлозијата го потресе гасоводот „Дружба“ во сепаратистичкиот град Луганск.
Инцидентот се случи во момент на зајакнати тензии во регионот каде се зголемуваат стравувањата дека Русија можеби се подготвува да ја нападне Украина.
Гасоводот „Дружба“ минува од Русија до различни точки во источна и централна Европа.
Западните медиуми, повикувајќи се на руски државни канали, објавија и за втора експлозија во Луганск, која се случила за помалку од еден час по првата.
Извор: МИА