Матиќ: Србија оствари рекорден девизен прилив од туризмот во 2021

Од:

Српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ изјави дека девизниот прилив од туризмот во Србија во 2021 година изнесува една милијарда и 596 милиони евра, што ја надминува најуспешната 2019 година досега, јави дописникот на МИА од Белград.

Матиќ истакна дека рекордот е срушен пред се благодарение на домашните туристи кои биле најбројни, но и на странските туристи кои Србија ја препознале како атрактивна дестинација, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Таа истакна дека е презадоволна од овој историски резултат, како и дека од вкупниот број странски туристи, најголем дел биле од околните земји.

-Повеќето беа туристи од БиХ, Црна Гора и Северна Македонија, но имавме голем број посети и од Русија и Германија, изјави Матиќ.

Таа наведе да овие податоци поттикнуваат и влеваат оптимизам дека 2022 година ќе биде уште поуспешна и дека ќе се продолжи со толку добри резултати, нагласувајќи дека туристичкиот сектор уште еднаш покажа голем потенцијал за развој.

Матиќ потсети дека во 2019 година, која е најуспешна туристичка сезона досега во Србија, девизниот прилив изнесувал 1,4 милијарди евра.

Според извештајот на Народната банка на Србија, девизниот прилив од туризмот во 2021 година е зголемен за 47,2 отсто во евра, во однос на 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени