Путин лично ќе надгледува голема воена вежба на нуклеарниот арсенал

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги надгледува вежбите за руски балистички ракети, кои ќе се одвиваат во текот на утрешниот ден, информираше неговиот портпарол.

Според Дмитриј Песков, Русија беше транспарентна околу вежбите и испратила известување преку сите соодветни канали. Тој потенцира дека вежбите „не треба да предизвикаат загриженост“, јави новинската агенција ТАСС.

Русија го има вториот по големина нуклеарен арсенал, веднаш по САД, и врши ракетни тестови неколку пати годишно. Но, овие вежби доаѓаат во време на високи тензии со Западот околу Украина, јави ДПА.

Телефонски разговор меѓу рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоигу, и неговиот американски колега Лојд Аустин, е планиран за во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски