ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ со насилство спречува поголеми плати за наставниците обвинува СДСМ

Од:

На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ. Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос велат во соопштение од СДСМ

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени. Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ. Со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски