Нуклеарно оружје ќе биде распоредено во Белорусија само во случај на закани од Запад, изјави денеска пред новинарите белорускиот претседател Александар Лукашенко.
– Доколку е потребно, доколку нашите противници и конкуренти направат такви глупави, безумни чекори, ние ќе распоредиме не само нуклеарно оружје, туку и супер-нуклеарно, од оние што моментално се развиваат, за да ја заштитиме нашата територија, рече Лукашенко.
Во меѓувреме, тој подвлече дека „доколку Белорусија нема закани од непријателски држави, тогаш „никогаш“ нема да и треба нуклеарно оружје“, јави аге нцијата БелТА, пренесува ТАСС.
Претходно, Лукашенко соопшти дека и понудил на Русија да распореди нуклеарно оружје во неговата држава, доколку американски нуклеарни боеви глави се појават во Полска. Русија рече дека ги земала предвид зборовите на белорускиот претседател.