Лагард: Грција треба да продолжи со реформите

Од:

Грција треба да продолжи со институционалните и структурните реформи во државниот сектор, изјави извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, откако Фондот синоќа соопшти дека ја деблокира петтата транша од помошта за Грција во износ од 1,72 милијарди евра.

Лагард им препорача на властите во Грција да вложат поголеми напори, за да може земјата да го постигне саканиот траен економски раст.

Шефот на ММФ нагласи дека очекува државниот долг на Грција да остане висок и во наредната деценија.

Добредојдени се уверувањата на европските партнери дека доколку биде потребно ќе разгледаат мерки и помош за намалување на грчкиот долг до значителни нивоа под 110 отсто од БДП до 2022 година, што зависи од целосната примена на барањата кои се содржат во грчката програма, истакна Лагард.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски