СДСМ: Секојдневно никнуваат диви депонии низ Скопје, Арсовска ги лаже скопјани

Од:

Градоначалничката на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска не ја зборува вистината кога тврди дека исчистила 150 депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Насекаде низ Скопје, во сите општини постојано се појавуваат нови депонии, а постоечките стојат неисчистени велат од СДСМ во соопштение.

-Како што се гледа на фотографиите во прилог, добредојде на граѓаните во општина Гази Баба им посакуваат планини отпад, а слични глетки има во сите скопски општини. Арсовска во првите 100 дена на Скопјани им донесе стотици разочарувања. Од почетокот на мандатот може да се пофали само со поставување мобилни тоалети, нивелација на шахти, партизација на градските институции, прекин и застој на започнатите проекти, сериозно кратење на градскиот буџетот за животна средина. Скопјани не заслужуваат градоначалник кој се иззема од одговорност и бара оправдувања за своето неработење, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук