Макрон и Си: Да се зајакнат напорите за постигнување договор со Иран

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот кинески колега Си Џинпинг се согласуваат дека треба да се зајакнат напорите за да се постигне нуклеарен договор со Иран, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на Макрон.

Претходно, денеска секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност објави на Твитер дека нуклеарниот договор повеќе нема никаква цел.

Во Виена се одржуваат нуклеарни преговори со цел да се обезбеди целосно спроведување на нуклеарниот договор и враќање на САД, со учество на високи претставници од Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија и Иран.

Иранскиот нуклеарен договор, официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција, беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европската унија.

Макрон во телефонскиот разговор со кинескиот претседател ги изрази очекувањата на Франција и Европа дека Кина ќе ги ратификува „основните меѓународни конвенции“ за безбедност при работа, особено во врска со принудната работа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа