ЕУ го осуди признавањето на независноста на Доњецк и Луганск

Од:

Европска Унија го осудува предлогот на руската Дума до претседателот на Русија, Владимир Путин, да ја признае независноста на Доњецк и Луганск во Украина, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

– ЕУ остро ја осудува одлуката на руската Државна дума да го повика претседателот Путин да ги признае областите Доњецк и Луганск во Украина како независни ентитети. Ова признание би било јасно прекршување на договорот од Минск, објави Борел на Твитер.

Тој ја повтори поддршката на ЕУ за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници.

Во име на ЕУ, тој ја повика Русија „да се држи до своите обврски“ и да се вклучи во разговорите во рамките на Нормандискиот формат и Трилатералната контакт група.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила