НАТО ќе ја разгледа можноста за испраќање нови сили во југоисточното крило

Од:

Се очекува министрите за одбрана на НАТО неделава да иницираат план што ќе овозможи формирање на четири мултинационални борбени групи во Југоисточна Европа, како одговор на распоредувањето руски сили во Украина, рекоа тројца дипломати.

На состанокот на сојузничките министри во среда и четврток ќе се одлучи дали ќе им нареди на воените команданти да подготват планови за распоредување на борбени групи од 1.000 војници во Бугарија и Романија, а можеби и во Словачка и Унгарија.

Со оглед на тоа што состанокот на НАТО се одржува додека САД предупредуваат на можноста од руски напад врз Украина, неименувани дипломати изјавија дека министрите најверојатно ќе се договорат за првиот чекор, односно со упатства до командантите да подготват детален план за четирите борбени групи на копно.

– Тоа ќе ни овозможи ескалација, но и деескалација, доколку Русија ја повлече својата војска, изјави висок дипломат на НАТО, нагласувајќи дека овие нови борбени групи ќе значат дополнителни сили, со неодамнешните понуди од Британија, САД и други дека ќе испратат бродови и авиони за зајакнување на источното крило на НАТО.

Украина не е членка на НАТО и алијансата нема обврска да ја брани. Зајакнувањето на силите на Црното Море би покажало одлучност во стратешки важен регион и земји како Унгарија и Словачка кои граничат со Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски