Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој денеска отпатува за Киев, а потоа за Москва, побара од Русија веднаш да покаже знаци на деескалација во односите со Западот во најтешката криза од Студената војна.
– Од Москва очекуваме веднаш знаци на деескалација, напиша Шолц на Твитер.
– Нова воена агресија ќе донесе тешки последици за Русија, рече тој, опишувајќи ја ситуацијата како „многу, многу сериозна“.
На денешните состаноци со украинските претставници во Киев, а потоа со Русите утре во Москва, Шолц се приклучува на дипломатската офанзива на западните лидери со надеж дека кризата ќе се реши по мирен пат.
Извор: МИА