Петмина загинати во пожар во гратче во Источните Пиринеји

Од:

Пет лица загинаа синоќа, за време на пожар предизвикан од експлозија. Четири лица се водат како исчезнати, а засега не се знае дали се тие меѓу жртвите. Експлозијата била проследена со пожар, во град во Источните Пиринеји на југот од Франција, јави дописникот на МИА.

Експлозијата се случила во приземје на зграда околу 01:30 часот на главната улица на Сен Лоран-де-ла-Саланк, во една сендвичара. Најмалку единаесет станови беа погодени од експлозијата и пожарот. Во близина на зградата биле пронајдени плински боци. Засега не се знае дали тие се причината или ја влошиле експлозијата. Жандармите отворија истрага.

Тешко повреден е 27-годишен маж кој скокнал од прозорец на првиот кат за да се спаси од пламените јазици. Прво бил однесен во болницата во Перпињан пред да биде префрлен во Универзитетската болница во Монпеље. Полесно повредените страдаат од труење со чад.

Во 8 часот, пожарникарите се уште се бореа со пожарот што тлее на таванот на една зграда. Во моментов е невозможно да влезат во најпогодената зграда и која се заканува да се урне. Во селскиот дом се сместени десетина локални жители. Се уште се мобилизирани повеќе од 85 пожарникари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата