Челниците на француската десница со остри критики за првиот голем предизборен митинг на Валери Пекрес

Од:

Првиот голем предизборен митинг на кандидатката за претседател на Франција од редовите на Републиканците Валери Пекрес, ги разочара партиските раководители кои се загрижени за нејзиниот иден рејтинг, јави дописникот на МИА.

На митингот на кој требаше да се рестартира кампањата на Валери Пекрес, по лошите анкети, зборовите на Никола Саркози и пребегнувањето на Ерик Воерт кај Емануел Макрон, приликата е пропуштена. За партиските раководители, кои претежно беа присутни во првиот ред во париската сала Зенит, настапот на кандидатот на десницата не беше на ниво.

Едвај неколку минути по почетокот на говорот, Надин Морано не криеше дека се чуствува непријатно. -Но, што се случува? Што се случува?, гласно се запрашуваше нејзиниот меѓународен советник. -Забрзај Валери, забрзај, повика од далечина од салата Ерве Морин, шефот на центристите.

На претседателката на регионот Ил-де-Франс се чини и беше непријатно на почетокот на настапот, со моменти на тишина, засрамена од извиците „Валери претседателка “, што го започнаа младите републиканци.

-Тоа беше бродолом. Сакавме да ја натераме да направи вежба што не знае да ја прави. Требаше да ја натераме да оди на сцената, за таа од почеток да каже „Јас не сум одличен говорник“. Едноставно не е можно, се доверува на БФМТВ друг припадник на републиканците.

Додека на кандидатката не и беше многу удобна улогата на говорник, саботното попладне како што велат го поминала во Зенит за да се навикне на салата. Но без многу успех. -Изгледаше како Ле Сид да го игра шестоодделенец, сурово оценува еден функционер од Републиканците.

-Изгледаше дека не знае да ги користи телепромпертерите… и не знаеше да си игра со публиката. Всушност, сфативме дека таа никогаш не го направила тоа, во толку голема сала, изјави друг поранешен министер на Никола Саркози.

Други партиски раководители го оценија митингот како успешен, како Кристијан Жакоб, партискиот шеф, кој беше покрај Валери Пекрес кога таа пристигна во салата.

-Видов убава атмосфера (…), вистински моменти, моменти на искреност, процени првиот човек на Републиканците за БФМТВ.

Истата приказна на страната на Ксавиер Бертранд. „Почеток на промена (…) Ќе има и други фази“, пресуди на БФМТВ поранешниот ривал на кандидатот на Републиканците.

Идните анкети за гласачки намери, ќе покажат дали овој митинг ќе има влијание врз анкетите или Валери Пекрес ќе остане заглавена меѓу Марин Ле Пен и Ерик Земур.

За Валери Пекрес планираат да гласаат 15 отсто од избирачите, наспроти 15,5 отсто за Марин Ле Пен и 13 отсто за полемичарот Ерик Земур, далеку зад Емануел Макрон (26 отсто) покажува најновата анкета на Елабе за БФМТВ и Л’Експрес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата