Париската полиција утрово застрела маж, кој на железничката станица Гар ди Нор со нож се заканувал на полициската патрола.
Fransa'nın başkenti Paris'teki Gare du Nord İstasyonu'nda elindeki bıçakla polisleri tehdit eden bir adam vuruldu pic.twitter.com/ELzeywzDpO
— EHA MEDYA (@eha_medya) February 14, 2022
Засега неименуваниот маж бил погоден од огнено оружје откако со нож, пошол кон полицајците, заканувајќи им се. На ножот, со острица од околу 30 цм, било изгравирано ACAB (англиска кратенка, навредлива за полицајците – All Cops Are Bastards). Мажот починал од здобиените рани, а немало повредени меѓу полицајците.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја потврди информацијата на Твитер и ја поздрави акцијата на полицијата која „ја отстрани секоја опасност за патниците и за себе“.
Поради инцидентот утрово неколку возови доцнеле.
Извор: МИА