ВИДЕО: Полицијата ги приведува демонстрантите кои го блокираат мостот меѓу Канада и САД

Од:

Канадската полиција почна да ги приведува последните демонстранти кои се во близина на мостот меѓу САД и Канада и прекина еден од главните протести продив задолжителната вакцинација и епидемиолошките мерки кои се во сила во земјата.

Откако прво ги предупреди, полицијата ги приведуваше луѓето и ги отстрануваше возилата кои го блокираа сообраќајот во близина на мостот кој ги поврзува Деторит и Виндзор. Сепак, дел од демонстрантите останаа на патот кој води кон мостот, је пееја кандаската химна и извикуваа „слобода“.

Мостот уште не е отворен и засега нема најави кога би бил нормализиран сообраќајот. Вчера откако беа одстранети дел од возилата, од локлната полиција изјавија дека веќе не се проблем возилата туку луѓето на кои треба да им се стави јасно на знаење дека не се добредојдени на локацијата, дека не треба да го попречуваат сообраќајот, ниту локалната заедница.

Кандски суд во петокот нареди прекин на блокадата, а во Онтарио е воведена вонредна состојба. Од понеделникот демонстрантите со камиони го блокираа сообраќајот во двата правци со што го прекинаа ланецот на снабдување за производителите на автомобили во Детроит.

„Конвојот на слободата“ кој во Отава го почнаа возачите на камиони кои се противат на задолжителната вакцинација и на карантинот за возачите кои ја минуваат границата денеска влезе во 17. ден.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто