ВИДЕО: Сопственик на ресторан во плач по казната од 7000 евра за гости со лажни ковид сертификати

Од:

Сопственик на ресторан од Гевгелија заработи казна од 7000 евра од финасиската полиција поради четири гости кои биле со лажни ковид сертификати. Сопственикот на ресторанот „Крим“, (Cream) Ристо Петков низ плач побара поддршка за неговиот бизнис од насобраните жители пред неговиот ресторан.

-Може да ми се смеете колку сакате, или кој сака, 7.000 евра казна во време. Две години се бориме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, да платиме. Ова е катастрофа. Дали сум јас или друг што ќе плаќа, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100.000 лажни сертификати, во време кога економијата е нула, ова ни го прават, 7.000 илјади евра, знаете ли колку пара е, низ плач се обрати сопственикот Ристо Петков.

На собирот беше кажано и дека казните се однесуваат на лицата кои покажуваат лажен сертификат, но и за рестораните и кафулињата кои треба да побараат сертификат, без притоа да имаат можност да проверат дали се работи за фалсификуван документ.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија