Американецот Роберт Расел го пронајде својот спортски автомобил, украден пред повеќе од четири децении, откако бил ставен на продажба на аукцискиот интернет сајт e-Bay.
Расел автомобилот „Остин-хили“ од 1967 година, украден во 1979 година во Филаделфија, го забележал на e-Bay. Откако го проверил бројот на шасијата пријавил во полиција, која му помогнала да го пронајде во Лос Анџелес.
Автомобилот, кој е купен за 3.000 долари, денес вреди 23.000 долари.
„Никогаш не престанав да трагам по него, не поради неговата пазарна, туку сентиментална вредност, што ја има за мене и мојата сопруга“, изјави Расел.